Некогашниот ракометар на Металург, Божо Анѓелиќ, повторно ќе има нов предизвик во кариерата.
32-годишниот Црногорец ги засили редовите на белорускиот шампион Мешков Брест, клуб во кој настапуваат Невен Стјепанович, Вук Лазовиќ, Арсеније Драгишевиќ…
Анѓелиќ првиот дел од тековната сезона го помина во Израел, таму беше дел од Макаби Тел Авив.
Во својата кариера, освен во својата татковина, играше уште и во Шведска, Унгарија, Кувајт, Украина и Македонија.
Искусниот Анѓелиќ во сезона 2022/23 требаше да биде нов член на Вардар, но трансферот не се реализираше.