Илија Темелковски, поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија е жив, и контактираше со нас, демантирајќи ги вестите кои се проширија денеска дека починал.
„Не е точно тоа, незнам од каде е оваа вест. Јас сум тука, бев излезен од дома. Незнам кој шири вакви невистини, ни изјави Илија Темелковски.
Дали е нечија неумесна шега или намера, допрва ќе треба да се истражи и да се утврди од каде потекнува дезинформацијата.
Како редакција им се извинуваме на Илија Темелковски и неговото семејство, за непријатностите од објавата на веста која е лажна.