Вардарци поуспешни на „контролката“ од Охрид

Ракометарите на Вардар во Охрид триумфираа против истоимената екипа во контролен натпревар со четири гола разлика, 33:29.

Вардарци на полувреме заминаа со предност од плус пет, 15:10, додека во вториот дел избраниците на Стевче Алушовски не успеаја да направат пресврт.

За двете екипи ова беше последна проверка на силите пред продолжувањето на вториот дел од тековната сезона.

Охриѓани в сабота ќе гостуваат во Велес кај дебитантот Борец ФЛ, додека Вардар за ривал во 17. коло го има Пролет.

Двете екипи веќе си имаат обезбедено пласман во плеј-оф сегментот и во саботните натпревари се големи фаворити.