Тимот на Младост Богданци запиша нова победа на пријателските натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Прволигашот успеа слави втор триумф над суперлигашот Радовиш, со 29-26, откако и на полувремето водеше со 15-12.
Избраниците на Митко Стоилов уште од стартот на мечот ја имаа контролата и водеа со седум голови разлика.
Младост Богданци до стартот на пролетниот дел од Првата лига ќе одигра уште еден пријателски натпревар.