Еден од најискусните репрезентативци во данската репрезентација, Хенрик Молгард, е полн со самодоверба пред финалето на Мундијалот во „Унити Арена“.
Дефанзивецот смета дека ривалот Хрватска ќе нема ни најмалку шанси на пресметка за златниот медал и дека тој ќе остане во Скандинавија.
„Мислам дека ќе ја уништиме Хрватска. Тие доаѓаат со голема самодоверба и со добра физичка подготовка, но мислам дека нашата брзина ќе ги уништи. Верувам дека ќе бидеме блиску до супериорноста која ја покажуваме во текот на целиот турнирр“, изјави Молгард за ТВ2.
Натпреварот меѓу Данска и Хрватска се игра вечерва од 18:00 часот, а претходно во битката за трето место ќе се сретнат Португалија и Франција од 15:00 часот.