По триумфот над големата Франција со 31-28, Хрватска успеа по 16 години повторно да се пласира во финалето на Мундијалот.
На социјалните мрежи се појави фотографија од соблекувалната на Хрватска, односно од местото кое е резервирано за Игор Карачиќ.
Над неговиот дрес секогаш стојат мал кип на Мајка Богородица како и Светото Писмо – Библијата.
„Комбинација за успех. Голем си, Игоре Карачиќ“, стои во описот на фотографијата.
Некогашниот член на Вардар е голем верник и пред важните натпревари на Инстаграм споделува молитви.
View this post on Instagram