Сигурдсон: Не можам да бидам посреќен!

Хрватска успеа да ја совлада фаворизираната Франција со 31-28 и успеа да се пласира во финалето на Мундијалот 2025.

Селекторот Дагур Сигурдсон не го криеше задоволството по големиот триумф во преполната „Арена Загреб“.

„Не можам да бидам посреќен и повеќе горд на хероите – играчите, публиката, сите беа фантастични“, кратко истакна Сигурдсон по мечот.

Натпреварот за злато ќе се игра в недела во „Унити Арена“ во Осло со почеток во 18:00 часот, а ривал ќе биде победникот од дуелот меѓу Данска и Португалија.