Македонскиот суперлигаш Пролет продолжува со засилувањата за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, па по потписот на десното крило Никола Стоилевски, нов член во тимот е довчерашниот интернационалец Стефан Атанасовски.
Станува збор за 25-годишен ракометар кој настапува на позицијата пивот и импресионира со својата корпулентност со која им создава големи проблеми на противниците во одбраната.
Искусниот Атанасовски сезонава ја почна во тимот на Раховеци во косовскиот шампионат, имаше одлични партии и резултати со оваа екипа, но по заминувањето на македонскиот стратег Андоновски од кормилото и самиот Атанасовски реши да го напушти овој клуб.
Тој претходно има настапувано и во шампионатите на Катар и на Саудиска Арабија, а кариерата ја почна во школата на Вардар, настапуваше за втората и првата екипа на скопските „црвено-црни“. Кружниот напаѓач во својата кариера беше дел и од Куманово.
Пролет е во битка со Бутел Скопје, Тиквеш и Прилеп за двете места што водат во суперлигашкиот плеј-оф
Пролет го промовира Стоилевски, донесе и пивот од Бутел Скопје