Еден од поискусните ракометари во репрезентацијата на Хрватска, Давид Мандиќ, го заврши настапот на Светското првенство 2025.
Мандиќ на натпреварот против Словенија доби скршеница на прстот од раката, а селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, изјави дека левото крило ќе мора да оди на операција.
,,Давид Мандиќ мора да оди на операција, па во четвртфиналето против Унгарија ќе бидеме без него”, кратко изјави Сигурдсон.
Членот на Мелсунген само што се врати по повредата добиена на пријателски меч со Словенците, а сега оди на подолга пауза.
Хрватска со победата над Словенија обезбеди пласман во четвртфиналето, а за полуфинале ќе се бори против Унгарија.