North Macedonia vs Hungary, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 15.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Пешевски: Оставивме добар впечаток и тоа нека биде мотив за во иднина

Македонија со поразот од Франција го заврши настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, а со тоа го освои 15 место.

Еден од подобрите играчи на Мундијалот во дресот на Македонија беше кружниот напаѓач Жарко Пешевски.

Членот на Еурофарм Пелистер е задоволен од постигнатото и очекува уште подобри резултати во иднина.

,,Овој натпревар беше натпревар за уживање, мислам дека заслуживме да затвориме со конкурент за злато на ова натпреварување. Репрезентацијата на Франција е сила во ракометот, ни ние се спротиставивме со сите можни сили, оставивме добар впечаток и тоа нека ни биде мотив за во иднина. Во  последните неколку години ова е турнир кој на физички план го издржавме, мислам дека многу добро се подготвивме, почнавме најрано, први дојдовме во хотелот и покажавме дека оваа Македонија има сила и мотивација за во иднина да го израдува македонскиот народ“, изјави Пешевски.