Ракометарите на Охрид ќе имаат силни тестови пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.
„Гладијаторите“ ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ на 25 и 26 јануари во Белград.
Избраниците на Стевче Алушовски ќе се соочат со домаќинот Партизан в сабота од 19:00 часот.
Претходно од 17:00 часот ќе се игра првото полуфинале меѓу српскиот Динамо Панчево и хрватскиот Нексе Нашице.
В недела се наптреварите за трето место и финалето.