Машката репрезентација на Македонија се пласираше во главната рунда, но поддршката од навивачите ќе биде значително помала во однос на средбите против Австрија, Катар и Франција.
Дел од македонските навивачи што беа дел од мечот со Гвинеја во „Вараждин Арена“, беа уапсени од хрватската полиција само поради тоа што го имаа кај себе знамето од Кутлеш.
Тие се пожалија на социјалните мрежи дека РФМ не застанала во нивна одбрана.
„Македонија ја победи Гвинеја но ги загуби своите навивачи!
Десетина приведени меѓу нив и девојчиња. Неколку повредени . Без ниту еден директен повод! Знамето од Кутлеш не е знаме на нечија држава туку е навивачки симбол а не знам дали на други навивачи им се гледани под лупа паролите и колоритот.
Она што посебно боли и пече е додека на сила влечат неколку наши навивачи по скалите, 90 посто од ,,Фалангата ” си ги држеа куроите у раце и си фаќаа сеир. За нивни сограѓани кои од најсиромашната земја во Европа одвоија цели просечни плати за да бидат со своите ракометари ! Никој да блокира скали и да ги спаси своите сограѓани од апс . Никој да скокне позади и напред и да пробаат барем да ја смират ситуацијата.
МНР молк!
РФМ молк!
Од информациите што ги имаме во полициската станица неколку наши навивачи побарале лекарска помош поради модринки и крв по телото! Побарале контакт со нашата амбасада од таму молк! Информациите говорат дека најголем дел од навивачите веќе ја напуштат Хрватска и кој знае дали пак ќе заминат некогаш на вакво долго и мачно патување.
РФМ под диктат на двоецот Мукаетов, Лазаров, поради скандирања во домашното првенствено на мечевите Вардар Алкалоид против РФМ решиле картите да ги даваат под рака на фирмаши и туристи а правите навивачи од Скопје, Битола, Велес да бидат заобиколени.
Било и Ѕингово време. Бил пцуен. Силекс беше демолиран на Градски. Бил Ламбе, Харалампие, Сејдини, разни претседателина федерации но никој својата ниска суета не ја покажал како луѓето што сега го водат ракометот.Кога играла нашата национална селекција поделбите прекинувале! Сега? Од претседател па се до селектор куроболие и суети! Оној за кого некогаш навивачите гинеа и патуваа и по 3000 км, Гетеборг, за Олимписки квалификации. Знаете ли колку пари од своите џебови и енергија дадоа овие луѓе во минатото? Беа околу 5000 на број!!!
Денес на мечот со Гвинеја, натпревар без никаков набој некој реши да се прости од своите навивачи, без да мрдне со прст.
Домаќинот организатор? И тие санкционирани од ИХФ веројатно решија денес да избегнат нова потешка казна од ИХФ. Политиката исто така си најде место во овој настан затоа што оваа гарнитура на власт во Хрватска не е онаа истата што пред 10 години ги пречекуваше нашите навивачи со песни од Дадо Топиќ и Тоше Проески. Што да се очекува од екс комунисти кои и на нивниот великан Марко Перковиќ Томсон му го забранија Пољуд, Максимир, Загребска арена за правење концерти? Нови и многу чудни релации. Како ново прекројување на односите на Балканот. Од она што читав по социјалните медии во Хрватска видовме дека Хрватите не ликуваат на овој настан а голем дел се со критика за редарските служби. Нашите навивачи никогаш не биле со лош наратив кон Хрватите дури и гаеле симпатии за нивните селекции на големите натпревар.
Ова што се случи денес е нарачка од големи центри кои одат се до куќата на ЕХФ и ИХФ. Каде врз нас со години мастурбираат Видерери, Кнудсени, Мадсени и говна слични на нив.
Нема да заборавиме! Ќе има ден за слатка вратка колку некој да мисли дека сме мали и небитни. Се виде дека не е така кога цела ракометна машинерија ја исполни агендата да се удри по осмиот играч на нашата селекција!
Првенствово продолжува но за нас тоа веќе не е важно! Заврши за нас ДЕНЕСКА!!
Ви благодариме екселенцијо посебно од нашиот државен апарат на кои поважно ви беше во ложата да мастурбирате со амбасадори наместо со спортските вљубениците! Арам да ви е!!!!“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Македонија утре со меч против Австрија го започнува настапот во главната рунда, а потоа следуваат дуели со Катар и Франција.