„Македонската” Слатина поразена од Рапид Букурешт

Екипата на Слатина, во која настапуваат неколку македонски репрезентативки, денеска доживеа пораз од Рапид Букурешт во домашниот шампионат, 35:24.

Кружниот напаѓач Ивана Гакидова постигна два погодоци, еден запиша Јована Саздовска, додека голманка Јована Мицевска им одбрани пет удари на гостинките.

Во Рапид Букурешт настапува Сара Ристовска, но искусното десно крило денеска не настапи против своите репрезентативни колешки.

Слатина на 13 натпревари успеа да оствари само една победи и со два бода се наоѓа на претпоследното место на табелата.

За тимот на Ристовска ова беше 8-ми триумф во домашниот шампионат, а денешниот натпревар загревање за дуелот против Брест Бретањ во ЛШ.