Некогашната вардарка Барбара Лазовиќ го одигра последниот натпревар и ја заврши богатата кариера во која играше и во Скопје.
На прошталниот дуел во Брежице, местото од кое потекнува Лазовиќ, се играше два пати по 20 минути.
Во тимот на некогашната вардарка се појавија многу ракометарки со кои таа играше заедно во четирите сезони во македонскиот клуб и во Крим – Кобетиќ, Радичевиќ, Вујовиќ, Сокач, Чанаџија, Грубишиќ…
„Се чувствувам одлично како ‘пензионерка’. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел и учествуваа во организацијата на овој легендарен натпревар. Уживав и не замислував дека ќе имам ваков крај на мојата кариера“, изјави Лазовиќ.
Лазовиќ низ кариерата играше за Брежице, Крим, Зајечар, Вардар, ЧСМ Букурешт и Будуќност, постигна 540 гола во Лигата на шампионите за 16 сезони, а круна на репрезентативната кариера беше настапот на Олимписките игри во Франција со словенечката репрезентација.