Фабрегас „доживотно“ во Барса

Познато е дека следното лето Лудовик Фабрегас ќе си замине од Веспрем и ќе се врати во Барселона.

Шпанскиот „Мундо Депортиво“ ја откри должината на договорот што го има потпишано Французинот со каталонскиот гигант.

Тој се обрза на верност до 2029 година, а по крајот на договорот Фабрегас ќе има 34 години, па јасно е дека кружниот напаѓач се гледа во „Блауграна“ до крајот на кариерата.

Покрај Фабрегас, единствен што има договор до 2029 со Барса е десното крило Алеиш Гомеш, па јасно е дека и Французинот им припаѓа на легендите на овој клуб.