Според пишувањата на германски „Билд“, искусниот Мајк Махула би можел да го преземе кормилото на Рајн Некар.
Актуелниот тренер на Рајн Некар, Себастијан Хинце, по завршувањето на тековната сезона ќе го напушти тимот на „лавовите“.
Главен кандидат за нов тренер е токму Махула, кој моментално е без клуб, откако на почетокот на ноември доби отказ од Алборг.
Махула беше на кормилото на данскиот шампион од месец август, а претходно го предводеше бундеслигашот Фленсбург.