Толбринг пред кам-бек во Данска, но во просечен клуб

Репрезентативецот на Шведска, Џери Толбринг, кој моментално отсуствува од ракометните терени поради повреда, би можел да се врати во Данска.

Како што пишуваат данските медиуми, членот на Фуксе Берлин се наоѓа пред трансфер во Есбјерг, тим кој нема забележителни резултати во даскиот шампионат, моментално е претпоследен.

Толбринг од сезона 2023/24 настапува во Бундес лигата, претходно го носеше дресот на ГОГ, Рајн Некар и Кристијанштад.

Причината за преселбата на 29-годишниот ракометар во Данска е неговата девојка Нора Мерк, која исто така паузира, но поради бременост.