Македонските ракометар(к)и ги добија ветените премии

Ракометната федерација на Македонија, иако подоцна од најавеното, денеска ги исплати ветените премии за три репрезентативни селекции.

Сениорите и сениорките ќе поделат по 2.000.000 денари за пласманите на СП 2025 и ЕП 2024.

Мажите го минаа успешно баражот со Фарски Острови и обезедија пласман на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, додека дамите преку квалификациите со Шпанија, Азербејџан и Литванија се пласираа на континенталниот собир.

Премија од 1.000.000 денари имаше и за младинците, кои го освоија деветтото место на Европското првенство во Словенија ова лето.