Селекторот на женската репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, го објави скратениот список за настапот на Европското првенство 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Тој веќе избра 16 ракометарки за настап на континенталниот собир, а на големо изненадување ја нема капитенката Сандра Тофт и уште три искусни ракометарки – Луис Бругард, Мете Транборг и Катрин Хеиндал.
„Одбравме 16 ракометарки што во моментов може да направат најдобар резултат за Данска. Беше тешка година со многу натпревари за многу играчи, а Олимписките игри си го земаа својот данок, дел од ракометарките имаат и повреди. Среќни сме што имаме доволно квалитетни ракометарки во Данска, па може и без некои искусни да направиме силен ростер“, го оправда својот потег Јенсен.
Данска ќе одигра три пријателски средби против Романија, Холандија и Норвешка, а на ЕП 2024, скандинавската селекција е во група со Хрватска, Фарски Острови и Швајцарија.