Ракометарите на Охрид веќе пристигнаа во Романија и ќе имаат доволно време за адаптација на условите во „Турда Арена“ каде ќе се игра реваншот против Потаиса.
Избраниците на Стевче Алушовски носат шест гола предност од првата средба во „СРЦ Билјанини Извори“ по триумфот со 31-25.
„Гладијаторите“ веќе го одржаа првиот тренинг, утре ќе имаат уште еден, пред натпреварот што е закажан за в сабота.
Натпреварот меѓу Потаиса Турда и Охрид се игра в сабота од 17:00 часот, по што ќе биде познат патникот во третото коло во Европскиот Куп.
Охриѓани пред седум сезони стигнаа до истата фаза и сега се пред повторување на успехот.