Продолжи серијата без пораз за Стојановиќ и Тримо во Словенија

Тимот на Тримо Требње, кој е предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, ја продолжи серијата без пораз во словенечкиот шампионат.

Тримо Требње на последниот натпревар одигра реми со незгодната Крка Ново Место, 29-29, откако прими гол во последните секунди од пенал.

Сега Тримо Требње има 12 бодови на третото место на табелата, додека лидер е Целје со 16, а втор е амбициозниот Слован со 15.

Следен предизвик за Стојановиќ и Тримо Требње ќе биде тешкото гостување кај некогашниот европски првак Целје.