Георгиевски: Гостите беа подобри вечерва, ние направивме многу грешки

Тимот на Вардар не успеа да се израдува на втората победа во групната фаза во Лигата на Европа, откако на свој терен беше поразен од Порто со 26:22.

За португалскиот тим, кој претходно ремизираше со Валур, а во првото коло загуби од Мелсунген, ова беше прва победа во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Искусниот Гоце Георгиевски го коментираше вечерашниот пораз и истакна дека неговиот тим направил многу грешки, особено во вториот дел.

,,Вечерва гостите беа подобри од нас. Првото полувреме го игравме добро, особено во одбраната, потоа играа 7 на 6, немавме многу решенија за тоа. Постигнуваа многу голови. Ние направивме и доста грешки во нападот, и тоа беше важно. За седум дена играме во Порто, максимално ќе се подготвиме за тој дуел”, изјави Георгиевски.

Вардар токму во следното коло повторно ќе се судри со Порто, но овојпат на гостински терен.

Драма во Скопје: Вардар на крајот попушти против Порто