Женската репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот пред настапот на силниот „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.
Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција повика 22 ракометарки, од кои ќе ги одбере оние што ќе патуваат за Романија.
На овој турнир покрај домаќинот Романија и Македонија, ќе играат уште и селекциите на Турција, Словачка, Швајцарија и Бразил.
Секоја од репрезентациите од 25 до 27 октомври ќе одигра по три меча, по што ќе биде познат и освојувачот на турнирот.
Овие контролни натпревари ќе бидат добредојдени за Македонија пред настапот на „Кроација Куп“ и на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.