ФОТО: Potaissa Turda/FB

Потаиса Турда победнички доаѓа во Охрид

Ривалот на Охрид во Европскиот Куп, Потаиса Турда игра одлично во домашниот шампионат и победнички доаѓа кај македонскиот тим.

Потаиса Турда во натпревар од 8. коло од најквалитетното натпреварување во Романија славеше во дербито против Баја Маре со четири гола разлика, 31:27.

За ракометарите на Потаиса Турда ова беше 7-ми сезонски триумф, имаат само еден пораз, оној од Бузау во претходното коло.

Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда е закажан за 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.

Реваншот ќе се игра во Романија на 26 октомври со почеток во 17:00 часот, по што ќе се знае дали Охрид ќе продолжи во третата рунда од Европскиот Куп.