Иако во ракометните кулоари низ Скандинавија се шпекулираше дека Кристијан Бјорнсен ќе го напушти Алборг, сепак, искусниот ракометар го продолжи договорот.
Од раководството на данскиот шампион соопштија дека репрезентативецот на Норвешка во европскиот вицепрвак ќе остане најмалку уште една сезона, односно до летото, 2026 година.
Десното крило во Алборг пристигна од редовите на Кристијансад, а претходно беше дел од Берген, клуб во кој што ја започна својата кариера.
Алборг пред извесен период ги продолжи договорите со двајцата големи таленти – Мадс Хоксер и Томас Арнолдсен.