Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите во четвртото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе се соочи со Спортинг Лисабон, а судиите доаѓаат од Унгарија.
Станува збор за Петер Хорват и Балаж Мартон, додека делегат ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“, в среда на 9 октомври од 20:45 часот.