Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за најголемото дерби на македонскиот ракомет.
Мечот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што е закажан за сабота ќе го судат браќата Димитар и Дејан Георгиевски.
Ќе има двајца делегати на дуелот меѓу големите ривали, а тоа ќе бидат Камер Металари и Драган Начевски.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра в сабота од 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.