Платон: Целта против Ѓорче Петров ќе биде да го извлечеме најдоброто од себе

Утре ќе стартува 3. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија, а најголемо внимание ќе привлече натпреварот меѓу Вардар и Ѓорче Петров.

Вардарки ќе бидат домаќини на „лавиците“, кои се големи фаворитки во утрешниот натпревар.

Тренерот на Вардар, Анжела Платон, ги истакна своите очекувања и се надева на добра игра на нејзините избранички.

,,Ѓорче Петров е фаворит, наше ќе биде да го извлечеме најдоброто од себе и да имаме добра игра, а тоа е брзо враќање во одбрана, да не дозволиме брз проток на топка, да ги заприме од контри и да го дадеме максимумот од себе. Тоа е нашата цел на секој натпревар и секој натпревар за нас е голем плус, бидејќи имаме нова екипа”, изјави Платон.

Во таборот на Вардар нема повредени играчи, па така Платон на располагање ќе ги има сите ракометарки за утрешното соочуваање со „лавиците“.

,,Против Ѓорче Петров ќе настапиме со најдобрите, сите ракометарки се подготвени за натпреварот. Со секој нареден тренинг девојките повеќе се зближуваат и подобруваат, атмосферата е одлична. Од секој натпревар учат нешто повеќе, па така утрешниот натпревар ќе биде голема мотивација за нив”, вели Платон.

Натпреварот меѓу Вардар и Ѓорче Петров ќе пасе одигра в сабота со почеток од 14:00 часот, во спортската сала при ОУ „Круме Кепески“, во Кисела Вода.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ770021
2ВАРДАР750215
3ДЕСПИНА840412
4СПАРТАК72056
5ШАМПИОН70070

Симовски: Задачата против Вардар ќе биде да ја оправдаме фаворитската улога и да пружиме добра партија