Грчка екипа со две селекции ќе гостува во Прилеп

Пред стартот на новата сезона во младинските категории, поголемиот дел од клубовите веќе напорно работат за новите предизвици.

Еден од нив е тимот на Прилеп, кој утре ќе биде домаќин на Филипос Верија, екипа која доаѓа од нашиот јужен сосед.

Најпрво, кадетите на Прилеп и Филипос Верија ќе одиграат контролен натпревар од 12:30 часот, потоа младинците на двете екипи во 14:30 часот.

Неколку часа подоцна, односно во 18:00 часот, ќе се сретнат Прилеп и Охрид во натпревар од 3. суперлигашко коло, па така прилепчани ќе имаат целодневна ракометна програма.

Сите три натпревари ќе се одиграат во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.