Членката на Куманово, Марија Јовановска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 2. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
Голманката на натпреварот против Пелистер бранеше одлично, имаше 14 интервенции и беше најзаслужна за остварената победа во новата сезона.
Јовановска го освои првото место, доби околу 49% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров со 30%.
Во конкуренција за ѕвезда на 2. коло беше и ракометарката на Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска.