Легендарната голманка од Норвешка, Катрин Лунде, иако има 44 години, се уште брани во одлична форма.
Норвежанката во сезона 2020/21, 2021/22 и 2022/23 со Вајперс Кристијансад ги освојуваше титулите во Лигата на шампионите.
Во својата клупска кариера има уште неколку титули во европската елита, додека на репрезентативно ниво безброј медали со Норвешка од големите натпреварувања.
Лунде во интервју за норвешкиот портал „Вг.но“ истакна дека би играла уште две сезони.
,,Имам уште една година од договорот со Вајперс и се надевам дека ќе играм уште две сезони. Тоа се моменталните размислувања за сега. Поради тоа ќе можам да играм на Европското првенство 2024 и не би сакала да го кажам кога точно ќе ја напуштам репрезентацијата”, изјави легендарната Лунде.