Ракометарите на Војводина го освоија вториот трофеј во два дена, откако триумфираа и во финалето на „Сесрпскиот Куп“ во Бања Лука.
По српскиот Супер Куп и триумфот над Партизан, избраниците на Борис Ројевиќ немаа проблеми и го победија Борац Бања Лука во „Борик“ со 39-25.
Стартот на сезоната со два трофеи за два дена ќе биде уште поголем мотив пред дербито од првото коло во српскиот шампионат против Партизан.
На мечот со Борац, Војводина немаше никакви проблеми, а најдобри стрелци беа Ѓорѓиќ и Воркапиќ со по шест погодоци.
Во женскиот „Сесрпски Куп“, ракометарките на Црвена Ѕвезда славеа против Борац со 32-18.