Ракометната федерација на Франција експресно ја најде замената за легендарниот Оливие Крумболц, кој по Олимписките игри во Париз објави дека се повлекува од селекторската функција.
Челниците на ракометната куќа на Франција немаа многу дилеми околу изборот за нов селектор и одлуката падна на довчерашниот асистент на Крумболц, Себастијан Гардило.
Искусниот стратег од 2016 година му беше десна рака на Крумболц, а во својата тренерска кариера ја предводеше младинската репрезентација на Франција, како и екипите на Мец и Ница.
Своето деби, како нов селектор на Франција, ќе го има на пријателските натпревари против Унгарија на 24 и 26 октомври.
Франција на Европското првенство 2024, на кое ќе настапи и репрезентацијата на Македонија, има лесна група.
Французинките во првата фаза од континенталниот собир ќе играат против Полска, Португалија и незгодната Шпанија.