Завршија квалификациите – еве го конечниот изглед на групите во Лигата на Европа

По комплетирањето на квалификациите познати се последните десет патници во групната фаза од Лигата на Европа.

Германските Мелсунген и Гумерсбах со по две победи се пласираа во групите, најинтересно беше на двомечот меѓу хрватската Спачва и исландскиот Валур. На Исланд беше плус девет за домашните, а на хрватскиот клуб му фалеше уште еден гол на реваншот за обезбеди сензационален камбек.

Во групите се пласираа и двата шпански тима – Гранољерс и Адемар Леон, кој мораше да надомести негатива од два гола, на крајот славеше со четири.

Францускиот Лимож го надмина поразот од четири гола во Словенија и го елиминира Тримо Требње предводен од Раде Стојановиќ, додека во групната фаза пласман и покрај поразите на реваншите обезбедија Силкеборг и Бањик Карвина.

Вардар, како и Филип Талески со Бенфика, ќе бидат единтсвените претставници на Македонија во Лигата на Европа. „Црвено-црните“ ќе стартуваат со натпревар против Валур на 8 октомври.