Двајца Македонци се победници на Супер купот на Косово во машка конкуренција, откако тимот на Раховеци го победи Кастриоти со 38-34.
Тренер на Раховеци е Горан Андоновски, поранешниот тренер на Охрид и Тиквеш, а во тимот настапи и Стефан Атанасовски кој повеќе сезони беше дел од Вардар.
Натпреварот беше вистинска драма. Раховец го доби првото полувреме со 22-18. Кастриоти се врати во вториот дел и создаде водство до три гола, 28-25. Но тогаш шампионот Раховеци покажа значително повеќе за вториот трофеј годинава.
Претходно, Зоран Петковски како тренер на Феризај во женска конкуренција гоосвои исто така Супер купот на Косово.