ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кавадарци ќе гори – Тиквеш го чека шампионот Еурофарм Пелистер

Со пет натпревари денеска ќе стартува новата сезона во Супер лигата, а ќе ја отворат Бутел Скопје и Куманово во салата во Автокоманда.

Струга ќе го пречека новиот суперлигаш Ф. Борец, додека интересно ќе биде на двобојот меѓу Прилеп и Пролет. Охрид гостува кај Радовиш, додека шампионот Еурофарм Пелистер оди на жежок терен кај Тиквеш во Кавадарци.

Денеска ќе стартува и Женската лига, а ќе бидат одиграни две средби во Битола и во Прилеп.

Низ Европа се играат реванш средбите од Лигата на Европа, додека ќе започне и новата сезона во женската Лига на шампиони, каде Македонија ќе има две претставнички – Сара Ристовска со Рапид Букурешт и Ива Младеновска со Брест Бретањ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО
16:00 СТРУГА – Ф. БОРЕЦ
18:30 ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ
19:00 РАДОВИШ – ОХРИД
19:00 ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
14:30 ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА
16:00 ДЕСПИНА – ВАРДАР
16:00 ГЛОРИЈА БИСТРИЦА – ЧСМ БУКУРЕШТ
16:00 ФЕРЕНЦВАРОШ – НИКОБИНГ
18:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – КРИСТИЈАНСАНД
18:00 ЃЕР – ЕСБЈЕРГ
18:00 ПОДРАВКА – КРИМ
17:00 ЕЛВЕРУМ – МЕЛСУНГЕН
17:00 ГРАНОЉЕРС – КРИСТИЈАНШТАД
18:00 ЦИРИХ – ЛУЦЕРН
19:00 ИЗВИЃАЧ – КАРВИНА
19:00 ЛИМОЖ – ТРИМО ТРЕБЊЕ
19:00 СПАЧВА ВИНКОВЦИ – ВАЛУР