Судиите реагираат: Грубо мешање и притисок на РФМ во работата на ЗРСМ

Управниот одбор на Здружението на ракометни судии на Македонија ќе закаже итна седница по добивање на официјалните информации од Собранието на РФМ на која ќе расправа за понатамошните чекори на здружението на судии поради грубото мешање и притисокот на Собранието на РФМ во носењето на самостојни одлуки и работата на ЗРСМ.

Судиската организација смета дека РФМ покажува еклатантно непочитување на ракометните судии во Македонија затоа што се меша во работата на нивното здружение и во одлуките кои тие го носат со повеќе од 2/3 мнозинство.

Реакцијата на судиите доаѓа по одлуката на Собранието на РФМ да расправа по молбата на член на здружението на судиите, по што Собранието гласаше, и препорача двајцата исклучени судии да бидат вратени назад. Во прилог е целото соопштение на судиите

Управниот одбор на ЗРСМ денеска имаше краток онлајн состанок по повод случувањата кој излегоа во медиумите, а се однесуваат на одржаното Собрание на РФМ.

Во таа насока го испраќаме овој допис како наша реакција по повод одлуките кои ги донело спбранието на РФМ:

1. Ние не предложивме покачување на таксите туку тарифник за нашите услуги кои ги користи РФМ и клубовите. Како што е општо познато ние сме сервис на клубовите и на Ракометната Федерација на Македонија па према тоа таа сервисна услуга ние цениме дека треба да биде повисока од постоечката поради растот на трошоците, цените и тн. Имено со тоа покачување само се стимулира секој судија попрофесионално да ја извршува својата работа, а во исто време се стимулираат младите да се занимаваат со оваа на еден начин професија која во моментот е неатрактивна за нив како поради ризикот кој го носи, така и поради материјалната надохнадс од истата.

2. Во однос на препораката од страна на Собранието за враќање на лицата Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев сметаме дека Собранието на РФМ грубо ги прекрши принципите на немешање во работата на друг правен субјект и со тоа се стави над закоконите и Статутот на РФМ со тоа што донесе одлука во која се оценува исправност на одлука на друг самостоен правен субјект. Поранешните членови Колевски и Кркачев беa навремено и јасно известени за можните последици од неплаќањето на чланарината но, и покрај тоа тие одлучуја да не ги почитуваат органите на здерижението и не ја платија чланарината во дадениот рок. Спрема тоа Управниот одбор констатираше дека тие не ја платиле чланарината во дадениот рок па така го достави и извештајот до Собранието на ЗРСМ кое со 2/3 мнозинство од вкупниот број на членови утврди дека му престанало членството во ЗРСМ на споменатите судии врз основа на Статут и истото утврди дека тие не се повеќе членови на ЗРСМ, а со самото тоа тие немаат правна можност да полагаат и да бидат дел од судиските листи на здружението. Листите кои се потготвуваат за секоја сезона на нив содржат само членови на ЗРСМ кои успешно го положиле тестирањето и се стекнале со лиценца за сезоната, па спрема тоа лицата Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо не може да бидат дел од листите поради горе наведените причини.

Управниот одбор ќе закаже итна седница по добивање на официјалните информации од Собранието на РФМ на која ќе расправа за понатамошните чекори на здружението на судии поради грубото мешање и притисокот на Собранието на РФМ во носењето на самостојни одлуки и работата на ЗРСМ.

Со ваквите одлуки на РФМ се покажува еклатантно непочитување на ракометните судии во Макеодонија затоа што се меша во работата на нивното здружение и во одлуките кои тие го носат со повеќе од 2/3 мнозинство, се вели во соопштението на ЗРСМ испратено до медиумите.

 

Судиите ги исклучија колегите – Собранието препорача да бидат вратени

ОДЛУКА: Судиите не смеат да бидат „судски осудувани“

Судиите бараат поголеми такси и редовно плаќање од РФМ