Собранието на РФМ ја прифати молбата на судиската двојка Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски да бидат повторно дел од Здружението на ракометните судии. За молбата на судската двојка разговараше Собранието на РФМ и на крајот донесе одлука да и препорача на судиската организација да ги врати во своите редови.
Сметаат дека исклучување поради „неплатена чланарина“ воопшто не е причина за таква одлука, и дека сите организации кои се дел од ракометот треба да се однесуваат во согласност со Законите. Молбата за ублажување пред Собранието ја образложи Ѓоко Колевски.
Судиите имаа објаснување дека нивните одлуки се независни и дека тие се посебна огранизација, и дека за таквата одлука глаале 63 од 64 присутни делегати на Собранието во Охрид.
На последното Собрание на судиите одржано во Охрид, Здружението реши да ги исклучи своите досегашни членови судии Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Причината е неплаќање чланарина. Последниот рокот за плаќање на чланарината бил 31 март со објаснување дека се пролонгира до 1 мај, а после овој рок сите што нема да ја подмират чланарината ќе бидат исклучени. Тие ја платиле на 12 јуни годинава во истиот ден кога УО на ЗРСМ ја донело одлуката за нивно исклучување. За одлуката гласаа 63 од вкупно 64 делегати кои присуствуваа на Собранието.