Изборното Собрание на РФМ закажано за крајот на февруари 2025

Следното Собрание на РФМ што ќе биде изборно и каде ќе се избере нов претседател ќе се одржи во периодот од 15 февруари до 1 март 2025 година, најави Живко Мукаетов, актуелниот претседател на РФМ.

Сегашниот претседател Живко Мукаетов најави дека тој нема да се кандидира. Тоа не е можно според Законот за спорт бидејќи еден пртседател може двапати да биде претседател. Мукаетов е претседател на РФМ од 2013 година.

Во моментов се одржува редовното годишно собрание на РФМ во Скопје.