На Собранието на здружението на судиите беше објавено и дека ваквото барање му било изнесено и на генералниот секретар на РФМ, но тој изричито тоа го одбил бидејќи никој немало кој тоа да го „покрие“
Здружението на ракометните судии на Македонија бара од УО на РФМ да се зголемат таксите веќе од оваа сезона. Според предлогот што судиите ќе го достават до УО на РФМ и на Собранието што е закажано за 31 август сумата што сега судиите ја бараат за делење на правдата е 9.000 денари што е зголемување за 3.000 денари во однос на досегашната такса.
Судиите одржаа Собрание на кое присуствуваа 64 члена од вкупно 79 член колку што имаат во Здружението. Сите одлуки се донесоа едногласно, освен во една ситуација кога имаше само еден член кој беше против. На Собранието присиствуваше и Борко Ристовски, Министерот за спорт на Македонија.
Патнитете трошоци на судиите ќе останат исти во Супер лигата, Женската лига и Прва лига, а само во младинската лига тие трошоци да се наплаќаат според трошковникот од Прва лига.
Во време кога сите цени енормно скокаат, и трошоците на службените лица се зголемуваат, па затоа тие сметаат дека истите треба да се зголемат.
Дел од судиските такси ги исплаќа РФМ и здружението на судиите бараат исплатата да биде на месечно ниво, и да нема долго чекање како што сега се случува
За ваквото барање за зголемување на таксите бил информиран и генералниот секретар на РФМ, во неформален разговор, но тој изричито кажал дека во негов мандат тоа неможе да се спроведе.
Во женската лига и во Прва лига кај мажите барањето е таксата да биде 6.000 денари. Највисоката такса што судијата ја бараат се однесува за Ф4 турнирите во Купот кај мажите, и таа би требало да биде 12.000 денари, исто како и за мечевите од Супер Купот.
Со цел да се привлечат нови судии кои би се вклучиле во системот и би се калеле, особено во младинските лиги, истите да бидат зголемени од сегашните 1.000 денари на 2.500 денари.