Ракометната федерација на Македонија денеска ја потврди најавата на 24Ракомет за местото и датумот на одигрување на Супер Куп натпреварот.
Актуелниот освојувач на трофејот во Купот и шампионот Еурофарм Пелистер ќе се соочат во салата „26 април“ во Гевгелија.
Натпреварот е закажан на 4 септември, со почеток во 19:00 часот.
Претстојното издание на Супер Купот ќе биде седмо, а првиот натпревар се играше во 2017 година.
Тимот на Вардар има четири трофеи, додека Еурофарм Пелистер има два што ги освои во 2021 и 2022 година.