Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и амбициозниот тим на Охрид одиграа тест натпревар, кој заврши реми, 30-30.
Битолчани, кои денеска имаа слободен ден на Струшкиот турнир, и охриѓани кои се подготвуваат за меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ја искористија приликата да ги измерат силите.
На полувремето од овој натпревар исто така беше нерешено, 16-16, а двајцата тренери Бранко Ангеловски и Стевче Алушовски им дадоа шанса на сите свои ракометари.
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Цирар, Тасески, Орјоникидзе и Костов со по четири гола, додека кај битолчани се истакнаа Пешевски со шест и Кузмановски со пет гола.