Машката кадетска репрезентација на Македонија ја реализира првата фаза од подготовките за настап на Европското првенство во Црна Гора.
Избраниците на Наум Танески, дел од подготовките ќе одработат и во Маврово и ќе одиграат две пријателски средби со Грција.
Денеска ќе се одигра првиот контролен натпревар со јужниот сосед со почеток од 18:00 часот, а вториот е утре на пладне.
Македонија го стартува настапот на ЕП со меч против Франција на 7 август, а потоа следуваат дуелите со Германија и Полска.