Македонскиот среден бек Мартин Карапалевски од ова лето го има првиот меѓународен предизвик во кариерата.
Тој ги започна подготовките со неговиот нов клуб, Ваљадолид од Шпанија, а таму ќе има и македонско друштво во поранешниот соиграч од Вардар, Димитар Димитриоски.
Првиот пријателски натпревар пред новата сезона, Македонците со Ваљадолид ќе го одиграат на 8 август против португалскиот првак Спортинг Лисабон.
Ќе тестираат и против Торелавега, Бургос и Кангас, a пред стартот на сезоната ќе бидат дел и од „Кастиља и Леон Куп“ на 31 август и 1 септември.