Офтедал се прости од норвешката публика, Херем одигра 900 меча за репрезентацијата!

Во полн ек се пријателските натпревари на машките и женските репрезентации пред стартот на Олимписките игри во Париз.

Легендарната Стине Офтедал го одигра последниот натпревар во кариерата пред домашна публика, а јубилеј имаше екс вардарката Камила Херем, за која дуелот со Данска беше број 900 во репрезентативната кариера.

Норвешка го совлада големиот ривал Данска со 26-24, а десниот бек Мерк беше предводник со осум погодоци.

Машката репрезентација на Норвешка ја совлада Шпанија со 35-29, а блескаше Тобијас Грондал со девет гола.

За победничката селекција Блонц даде уште седум, додека за „фуријата“ по четири погодоци имаа Душебаев, Касадо и Гомез.

Данците ја совладаа Аргентина со 34-24, откако уште на полувремето имаше комотна залиха од седум гола.