Машката младинска репрезентација на Македонија оствари трета победа на Европското првенство во Словенија, а втора во разигрувањето од 9 до 16 место.
Македонија и Франција во групата И, имаат по две победи односно четири бодови, и сигурно ќе завршат на првите две места.
Во битката за пласман од 9 до 12 место ќе вкрстат со двете најдобри селекции од групата Ј каде што се Унгарија, Словенија, Хрватска и Србија.
За нашите младинци следува ден одмор, а в четврток ќе се одигра последната средба од групата И против Франција на пладне.
Македонија и Франција ќе решаат за првото место, а потоа овие две селекции ќе играат по принципот И1 – Ј2 и И2 – Ј1 со најдобрите две од групата Ј.
Полска, Романија, како и третотпласираната и четвртопласираната репрезентација од групата Ј, ќе го продолжат разигрувањето за пласман од 13 до 16 место на континенталниот собир.