Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, беа извлечени двојките за стартните кола од Лигата на Европа и Европскиот Куп.
Македонскиот шампион во женска конкуренција Ѓорче Петров, за ривал во второто квалификациско коло од Лигата на Европа го доби шведскиот тим Хорс.
По три успешни настапи во Европскиот Куп и ланскиот настап во четвртфиналето, „лавиците“ оваа сезона решија да одат скалило погоре и се пријавија за второто по ранг европско клупско натпреварување.
Првиот натпревар ќе се игра во Шведска на 5/6 октомври, додека реваншот е во Македонија на 12/13 октомври. Победниците од деветте парови ќе се пласираат во третото коло, што е последно пред групната фаза од Лигата на Европа.
Ако го мине Хорс, тогаш Ѓорче Петров ќе се бори со францускиот Париз за место во групите.