ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија брка нов триумф на ЕП – следен тест е Романија

Младинската машка репрезентација на Македонија денеска го продолжува разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Словенија.

Следен ривал на избраниците на Раде Стојановиќ е селекцијата на Романија, која во претходното коло загуби од Франција, а во одреден дел од мечот пружи добар отпор.

Доколку слави Македонија, а потоа и Франција ја победи Полска, нашите ракометари одат во борба за 9-13 место на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра во салата „Три Лилије“ во Лашко, а ќе стартува од 12:00 часот.

Покрај средбата на Македонија, на континенталниот собир за ракометари до 20 години ќе се одиграат уште 11 натпревари.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ИСЛАНД – АВСТРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ШВЕДСКА – ДАНСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ПОЛСКА – ФРАНЦИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 СРБИЈА – УНГАРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 УКРАИНА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ИЗРАЕЛ – ЧЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ГРЦИЈА – ИТАЛИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ЦРНА ГОРА – ШВАЈЦАРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)