Французите не менуваат селектор – Жил уште најмалку пет години на кормилото

Претседателот на француската ракометна федерација, Филип Бана, објави за следните потези кога се работи за селекторите на сениорските репрезентации.

Тој потенцираше дека со Гијом Жил ќе се соработува на долги патеки, без разлика на резултатите на Олимписките игри и дека тој останува на кормилото наредниот период.

„Целиме на трофеј на домашниот Мундијал во 2029 година“, откри Бана.

Тоа значи дека Жил уште најмалку пет години ќе биде предводник на Франција, но за разлика од мажите, ќе има промени на кормилото кај дамите.

Заминува Оливие Крумболц, а нов селектор многу веројатно ќе биде актуелниот тренер на Мец, Емануел Мајонад, иако во комбинација е асистенот на Крумболц, Себастијан Жардију.