Второпласираниот тим во Женската лига, Чаир, го промовираше првото засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за искусната Габриела Величковска, која доаѓа од тимот на Куманово, каде што играше минатата сезона, а со Чаир потпиша договор на една сезона.
Величковска настапуваше во составот на Металург, пред да замине во Франција, каде ги бранеше боите на Ле Пужен и Кот Баске.
Во Македонија, освен за Куманово и Металург, левиот бек има настапи во минатото и за битолски Пелистер.
Освен на домашна сцена, вицепрвакот Чаир, ќе игра и на меѓународна сцена во Европскиот Куп.